Сега и на HBO GO.

About the film

„Исцелител“ е дебитантскиот филм на режисерот Ѓорче Ставрески.

Веле работи во железничкото депо како механичар и платата му доцни со месеци. Немајќи пари да купи лекови за својот татко кој е болен од рак, тој прави колач со украдена марихуана за да му ги ублажи неподносливите болки. Одеднаш е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите душкала кои сакаат рецепт за „магичниот“ колач, а во Веле гледаат нова надеж – исцелител.

Филмот ќе се натпреварува на престижниот фестивал „Црни Ноќи“ во Талин, во категоријата дебитантски филмот. Филмот ја доби наградата на публиката за најдобар филм на меѓународниот филмски фестивал во Солун.