Сега и на HBO GO.

Director

Ѓорче Ставрески е роден во Скопје. Дипломира на отсекот за филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Тој е наградуван филмски и ТВ професионалец кој има направено играни филмови, документарци и повеќе од 100 рекламни спотови во кои се појавува како режисер, продуцент и сценарист. Неговите филмови се прикажувани на бројни светски престижни фестивали на кои освојува меѓународни награди. Добитник е и на значајната награда „13-ти ноември” за математика и наука.

ИСЦЕЛИТЕЛ е негов дебитантски целовечерен игран филм кој веќе освои неколку меѓународни и домашни награди во фаза на пред-продукција: наградата EAVE стипендија на WEMW пичинг форумот во Трст во 2014г; номинацијата VFF Highlight Pitch Award на Берлинале талент проект маркетот во 2015г; награда за развој на сценарио од Македонската филмска агенција во 2011г; и награда за најдобро сценарио на Script Corner Workshop на филмскиот фестивал Манаки во Битола во 2013год.

ФИЛМОГРАФИЈА, ИЗБОР:

МАТЕРИЈАЛ ЗА АУДИЦИЈА l 2013 l краток игран l 14мин
Награда за најдобар краток филм на Богошортс, Колумбија
СКОПСКИ ЉУБОВЏИИ l 2012 l краток игран l 11мин
Дел од омнибусот „Скопје ремикс”
НА ИЗГРЕЈСОНЦЕ l 2010 l краток игран l 15мин
Официјална селекција на Клермон Феран, Франција
ДОМА l 2007 l документарен l 59мин
Копродукција помеѓу Македонија и Хрватска
АДАМ И ЕВА l 2005 l документарен l 37мин
Специјална награда од жирито на Загреб Докс, Хрватска